Едно лице го изгуби животот по сообраќајка кај Баткова Чешма

Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 20:45 часот се случи кај месноста Баткова чешма на регионалниот пат Делчево – М.Каменица. Според информации од лице место несреќата настанала, како резултат на директниот судир на две возила волво и цитроен. 

-По судирот двајцата возачи се префрлени во болница, од кои за едниот добивме информација дека починал, а другиот со тешки повреди, се наоѓа се уште во болница, велат од полицијата.

Од ТППЕ додадоа дека во извлекување на телата на повредените, во тој момент учествувала нивна екипа со едно возило, додека 15 минути по несреќата извршен е увид од страна на делчевската полиција.

Од Итната медицинска помош информираа дека по несреќата двајцата пациенти се упатени кон болницата во Кочани, а по направениот преглед еден од возачите на пат кон Скопје починал иако биле направеби напори да биде вратен во живот. Останатиот учесник во несреќата се наоѓа на одделението Карил во Скопје.

За време на увидот на несреќата сообраќајот бил во прекин околу еден час. Дополнителни информации за овој трагичен настан најавени се во текот на денешниот ден. Од она што се знае како информација е дека учесниците во несреќата се со жителство на општина М.Каменица.

Според информации на полицијата синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – М.Каменица. Несреќата се случила кај месноста Боришјето каде возило излетало од патот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*