Финишираат активностите за обнова на дел од патната инфраструктура во Делчево

Bo Делчево финишираат активностите за реконструкција на дел од улиците во населените места во градот. Како дел од проектот „Подобрување на општинските услуги“ како што информираа од Општина Делчево денес се асфалтира улицата „Маршал Тито“. Реконструкцијата, како што додадоа се реализира во должина од 743 метри, на потегот од од касарната до Таушанско маало.

-Реконструкцијата подразбира изградба на потпорни ѕидови и проширување на коловозот, односно изградба на низа објекти по должината на улицата, со што Делчево добива современа сообраќајница и го решава тесното грло во сообраќајот, обезбедувајќи безбеден сообраќај и за возила и за пешаци и современа сообраќајница, која го поврзува овој дел од градот со централното градско подрачје, информираа од Општината.

Вршејки увид во градежните работи градоначалникот Горан Трајковски информираше дека реконструкцијата есе дел од МСИП-проектот на Министерство за финансии, со финансиска поддршка преку Светска Банка за што општината обезбеди подзаем во висина од 32,2 милиони денари.

-Проектот подразбира реконструкција на улици во градот содолжина од 1,3 км, („Маршал Тито“ и „Вера Јоциќ“) и изградба на комплетно нова улица во населбата СРЦ. Сакам да истакнам дека со реализација на овој проект решаваме големи проблеми на граѓаните, го подобруваме квалитетот на животот и придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот. Исто така, се зголемува капацитетот на протокот на овие улици, но и се намалуваат трошоците за одржување на веќе дотраените коловозни ленти на улиците „Маршал Тито” и „Вера Јоциќ”, додека, пак, улицата бр. 7 во населбата СРЦ доби комплетно нов лик и од земјена улица прерасна во асфалтирана улица со тротоари и комплетен систем за атмосферските води. Директна корист од реализацијата на овој проект имаат 1130 жители на општина Делчево, рече Трајковски.

Реконструкцијата на овој дел од Маршал Тито како што додадоа од Општината е продолжување на реконструкцијата на истата улица која води низ центарот на градот, која е реконструирана минатата година преку програмата за „Подобрување на општинските услуги“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*