Наместо вообичаените буџетски форуми, преку јавна онлајн анкета во општина Делчево годинава ќе се креира буџетот за 2021 година. Како што информираше Даниела Такева, лице за односи со јавност, јавната анкета на која граѓаните ќе можат да ги доставуваат своите предлози е веќе достапна на општинската веб страна. Освен ова како што додаде Такева предвидени се и други алатки кои според неа во голема мера ќе придонесат за активно граѓанско учество при креирањето на буџетот.
-Во овој период вообичаено се подготвува буџетот за 2021 година кој во втората половина на декември треба да се даде на усвојување пред Советот на општина Делчево. Во таа насока а имајки ја предвид состојбата со пандемијата Општината се одлучи наместо буџетски форуми да искористи неколку неколку вида алатки со цел да ги прибереме прироритетите предлозите и насоките на граѓани и на тој начин да им овозможиме директно учество во креирањето на буџетот за наредната година. Веќе пред неколку дена е објавена јавната анкета во која има можност директно граѓаните на општинската веб сттраница да ги запишат потребните информации и податоци кои ќе ни помогнат, не само во креирање на буџетот, туку ќе биде и еден вид секнирање на сотојбата на граѓаните за тоа што го работи општината во овој период. Втората алатка е доставување на записниците од одржаните состаноци на месните и урбаните заедници, на кои тие треба да ги утврдат приротитетите и да ги достават до надлежните. Апелираме уште еднаш при одржување на овие состаноци да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Веднаш по изготвувањето на нацрт буџетот од општината планираат и зум состанок од кој очекуваат квалитетни предлози за реализација во буџетската 2021 година.
-Третата алатка е зум состанокот кој го најавуваме некаде околу 10 декември односно веднаш по изготвувањето на нацрт буџетот. Очекуваме квалитетна дискусија коментари и предлозите и приротитетите повторно да се разгледуваат на овој зум состанок. Тоа се тие можности, а бидејки во оовј период од годината се подготвуваат и годишните програми за работа по одделенија и по сектори во општината јас ги охрабруваам граѓаните да доставуваат соодветни коментари и предлози за соодветните програми и да ги испраќаат на официјалната општинска веб адреса, рече Такева.
Изрази надеж дека на овој начин оваа година општината ќе ги мотивира граѓаните за поактивно учество за креирањето на буџетот за наредната 2021 година.
Leave a Reply