Се продолжува пешачката патека покрај кејот на река Брегалница во Берово

Започна изградба на пешачка патека покрај кејот на река Брегалница во близина на автобуската станица во Берово. Од Општината информираа дека станува збор за надополнување на веќе постоечката патека во должина од 56 метри.

-Беровчани ќе добијат нова пешачка патека, која е дополнување на веќе постоечката патека на кеј на река Брегалница. Активностите предвидуваат изградба на патеката со бехатон плочки, со должина од 56 метри при што е предвидено и нејзино осветлување, информираа од Општината.

Со реализацијата на овој проект како што додаваат се дава голем придонес во целокупниот изглед и надополнување на два проекти поврзани со уредувањето на самиот кеј.

-Кејот полека но сигурно, станува се попријатно место за одмор, рекреација и уживање, како и пријатно место за прошетка како преку ден, така и во вечерните часови. Со реализацијата на овој проект се дава голем придонес во целокупниот изглед и надополнување на двата проекти, едниот реализиран преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и вториот во реализација, преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кој кејот на река Брегалница го прават вистинска бајка, од Кафтански мост, па се до до спојот со мостот на улица „Велко Влаховиќ“, додадоа од Општината.

Реализирањето на овие активности, како што додадоа општината ќе ја чинат вкупно 450 илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*