Женскиот фудбалски тим „Каменица Саса“ продолжува со добрата форма што резултираше со нова победа во 15-тото коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во натпревар со „дожд“ од голови, каменичанки на домашен терен беа надмоќни над ЖФК „Плачковица испраќајки ги ривалките од Радовиш со 6 погодоци во својата мрежа, без притоа да примат гол.
Творец на победата беше голгетерот Ана Димитровска која 4 пати шрецизно стрелаше во противничката мрежа, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Пале Николовска и Дајана Ристовска. Постигнатиот резултат беше причина за задоволство во таборот на домашната екипа.
-Нова победа, бевме повторно одлични во последното коло од есенската полусезона. Нови три бода и уште еден одличен натпревар во кој бевме доминантни, ефективни и расположени за успех. На гостинската екипа им посакуваме многу успеси во понатамошниот дел од натпреварите, стои во објавата на официјалната страница на ЖФК „Каменица Саса“.
Со победата во последното коло ЖФК „Каменица Саса“ ќе презими на првата позиција на првенствената табела. Во есенскиот дел од шампионатот во кој се натпреваруваат 15 екипи, фудбалерките од М.Каменица забележаа 13 победи и 1 пораз што ги прави апсолутен фаворит за одбрана на титулата во ова натпрвеарување
Leave a Reply