Лесна победа на делчевска Брегалница во третолигашката пресметка со Работник Лозово

Фудбалерите на делчевска Брегалница ја забележаа третата победа во низа, откако во рамки на 7-то коло во Третата фудбалска лига на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево го надиграа тимот на „Работник“ од Лозово кој успеа да постигне еден гол наспроти шестте погодоци на делчевци.

Капитенот на домашниот тим Даниел Анастасовски, по натпреварот истакна дека заради картони кај дел од првотимците, поголема минутажа на денешниот натпревар добиле помладите фудбалери кои ја оправдале довербата.

-Одигравме лесен натревар кој го добивме со 6:1, многу од првотимците се одмараа, некои заради картони, некои заради следниот натпревар, имаме тешко гостување со Чешиново. Мислам дека со оваа победа ќе бидеме на второто место. Одиме на победа во Чешиново и потоа сите со нетрпение го очекуваме натпреварот со Малеш од Берово за да покажеме кој е најдобриот на Истокот, рече Анастасовски.

Стрелци на денешниот натпревар за домашната екипа беа Бојан Петровски, Антон Ратков, Александар Илиев, Томи Станоевски и Никола Марковски кој постигна два погодоци.

Лидер на табелата во Третата фудбалска лига исток по денешното одиграно коло е ФК „Малеш“ од Берово кој исто како и делчевчани, денес на домашен терен имаше лесна задача против радовишки „Раклиш“ совладувајки го со 3:0. Токму овие два тима заедно со екипите на Детонит и Чешиново се меѓу најсериозните кандидати за освојување на првото место на табелата кое засега им припаѓа на беровчани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*