Започна последната фаза од реконструкцијата на регоналниот патен правец Делчево – Виница преку село Бигла. Со градежните активности како што информираше градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски ќе биде заокружена целина од 18 километри од селото Бигла до селотот Трстија.
-На огромно задоволство на жителите од повеќе населени места и од Делечво и од Виница, во последните денови се интензивно работи на реконструкција на регионалниот патен правец Делчево – Виница преку село Бигла, каде што се асфалтираат последните 4 километри. Претходно овде исто така се изврши реконструкција на околу 14 километри од овој регионален патен правец. Овде имаме проширување на коловозот од три на пет метри, изградба на банкини и одводни канали. Последната делница е од села Бигла до село Трстија така што вкупната должина на овој патен правец ќе биде заокружена на околу 18 километри, рече Трајковски.
Средствата за реализација на овој инфраструктурен проект како што додаде се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во висина од 30 милиони денари. Очекува со проектот да се решат круцијални проблеми на жителите од повеќе места и од делчевската и виничката општина, меѓу кои и подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и комуникациската врска на селата кои гравитираат на овој патен правец и во овој регион.
-Во целиот регион се случува една ренесанса која не била со години можам да кажам 30 години за во овој Источен регион. Со средствата кои финансиски ги вложува Владата предводена од СДСМ во однос на инфраструктурата, во Делчево имаме и голем број други проекти како одвојување на фекалната од атмосферската канализација во населба Милково Брдо. Имаме решен транзитен булевар решен, решен патен правец спрема граница со Бугарија во должина од 5 километри, во должина од 11 километри е решен и патниот правец Делчево – Пехчево, така да реков ова е ренесанса со која Владата на СДСМ инвестира во инфраструктурно поврзување со целиот овој регион, додаде Трајковски.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој заедно со градоначлникот изврши увид во градежните работи на патото Делчево – Виница преку село Бигла додаде дека соработката помеѓу Министерството и општината ќе продолжи и во 2021 година.
-Можам да кажам дека како Министерство со Општина Делчево имаме одлична соработка, бидејки веќе овде преку Светска банка имаме три улици кои во текот на 2021 година ќе влезат во реализација и секако атмосферска канализација која што е во висина од над 200 илјади евра. Оваа тесна комуникација ќе продолжи и понатаму, заедно со пратеничката од овој крај, ќе бидеме во блиска комуникација и сум убеден дека даваме посебен придонес во овој регион и во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, рече Бочварски.
Инвестицијата во патната инфраструктура има директно влијание во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, истакна пратеничката Соња Михаиловска. Таа ги потенцираше значајните проекти кои МТВ досега ги има инветсирано во регионот, посебно во Делчево и додаде дека целта и на денешната средба со министерот е да се потенцираат приоритетите на регионот кои ќе донесат и подобар квалитет на животот на граѓаните.
Жителите на Бигла како што истакнаа на реконструкција на патот чекаа од 1994 година.
-Беше ногу тесен патоти сега ќе го прошират. Многу време чекаме да се прошири од 1994/95 година, истакна жител на село Бигла.
Министерот Бочварски посетата на Делчево ја започна со работна средба со градоначалникот Трајковски и пратеничката Соња Михаиловска на која се разговараше за актуелните инфраструктурни проекти во Делчево, но и за приоритетите за решавање во наредниот период.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/290682608968111/
Leave a Reply