Во Делчево започна акцијата за засадување нови украсни садници за збогатување на зелените површини. Целта на активностите, како што информираа од Општината е парковското зеленило во градот да добие нов лик.
-Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени 117.460 денари. Економски оператор е „Градина цвет“ од с. Владиевци Василево, како најповолен понудувач, а набавени се 169 садници од повеќе видови украсни садници. Садниците ќе се засадуваат по должината на парковското зеленило на булевар „Македонија“, од крстосницата кај семафорите кон излезот од градот спрема Берово, истакнаа од Општината.

Засадувањето на садниците го извршија екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.
-Со засадувањето на овие садници ќе се збогатат содржините во јавните зелени површини во градот, а украсните садници ќе дадат посебен и богат изглед на булеварот кој е фреквентна сообраќајна артерија за транзит на возила за влез и излез од земјава. Секако ќе влијаат и на прочистување на амбиенталниот воздух и со тоа директно придонесуваме кон почиста животна средина, додадоа надлежните.

Од општината додадоа дека инатата година во централното градско подрачје беа засадени над 200 садници од липи, јавори, багреми и чемпреси.
Leave a Reply