Сашко Ивановски е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево откако ја одби довербата на извршниот комитет на партијата. Во својата објава на фејсбук Ивановски се заблагодари на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ при што изрази
ветување дека ќе ја оправда довербата која му е дадена.
-Почитувани пријатели. Со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од денес сум назначен за Претседател на ОК Делчево. Ветувам дека ќе ја оправдам довербата која ми е дадена. Искрено се заблагодарувам на Претседателот Христијан Мицкоски, Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и на целиот Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ. Да живее ВМРО ДПМНЕ, Да живее Македонија, истакна Ивановски во својата објава на фејсбук.
Ивановски е дипломиран професор по математика и физика и е поранешен директор на делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ каде во моментот е во редовен работен однос како наставник. Во моментот ја извршува и функцијата Советник од ВМРО ДПМНЕ во делчевскиот Совет.
Leave a Reply