Таблети за средношколците кои не беа во можност да следат онлајн настава во Делчево

Желбата да се помогне здружи неколку делчевски фирми кои преку набавка на таблети, решија да им помогнат на учениците, кои не се во можност да следат онлајн настава во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево. Иницијативата е на менаџерскиот тим при делчевската гимназија, од каде информираа дека таблети ќе добијат ученици кои потекнуваат од семсјтва во социјален ризик.

-Денес во нашето училиште доделуваме таблети, по претходно спроведена активност од менаџерскиот тим заедно со класните раководители. Таму каде што учениците немаат можност да ја следат онлајн наставата, неколку делчевски фирми меѓу кои Фротирка, Валпром, Крзно, Палтекс, Нефи и Крзно доделија таблети за учениците да можат да ја следат наставата. Вкупно 10 таблети значи ќе бидат доделени на ученици ко исе изберени од страна на класните раководители кои не се во можност да ја следат наставата, рече гимназискиот педагог Дијана Цонева. 

Во делчевската гимназија, како што додаде, од полетокот на учебната година не се одвива настава со физичко присуство, додека бројот на ученици кои следат онлајн настава, како што додаде изнесува вкупно 400 ученици.

-Настава со физичко присуство на учениците имаме само кај практичната настава во стручното образование. Проблеми досега немаме, освен за споменатата категорија ученици, на кои пред набавката на таблети им доставувавме печатени материјали за да можат без проблеми да ја следат наставата, додаде Цонева.

Дел од учениците кои добија таблети, истакнаа дека досега тешко се снаоѓаа без овие помагала за следење онлајн настава.

-Ова многу ќе ми помогне, бидејки во Разловци каде што живеам немам интернет и немав таблет, а сега ќе биде полесно, истакна ученикот Стефан Никовски.

Претходно, како што додадоа од делчевската гимназија  во соработка со невладините организации беа обезбедени таблети за гимназијалците од ромска националност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*