Воспитно-образовниот процес во беровската градинка се одвива без проблеми

Во беровската градинка „23 Август“ воспитниот процес на најмалите се одвива без проблеми и со придржување до сите протоколи за заштита од вирусот Ковид-19. Иако се случува одвреме навреме да се појават позитивни случаи кај вработени во градинката, засега како што информира директорката Невенка Таковска нема ниту едно заболено дете.

-Моментално во Берово во нашата градинка со новонастанатите услови со Ковид-19 воспитно образовниот процес се одвива во специфични услови. и Вработените и децата се безбедни, се работи по прописи и протоколи кои ни се дадени од Министерството за здравство. Се случува одвреме навреме да се појави позитивен случај кај вработените, но со децата немаме проблем, немаме оболено дете, истакна Таковска.

еровската воспитно-образовна установа како што додава директорката е изградена 1982 година со капацитет за 80 деца, а со тек на времето како што доаде е проширена и притоа се овозможени услови и за згиржување на децата во селата Митрашинци и Будинарци, со што вкупниот број на деца во градинките во Берово и во селата во моментот изнесува 130 деца.

-За потребите на жителите на селата Будинарци и Митрашинци се реновирани Здравните домови, каде се оспособени простории за деца пред поаѓање во градинка од овие две села. Инвестицијата е на Министерството за труд и социјална политика, со што конечно беше овозможено, жителите да добијат места за децата од предучилишна возраст, додаде Таковска.

Во градинката деновиве завршија активностите за реконструкција на паркингот кој откако беше реконструриран доби и нов асфалт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*