Пронајдени фалсификувани банкноти кај малолетници во Делчево

Фалсификувани банкноти пуштени во промет во Пехчево. Случајот биле откриен од страна на продавачка во локална продавница, која по сомнежот дека нешто не е во ред со банкнотата, случајот го пријавила во полиција.

-Лицето (А.К) од Пехчево, продавачка во продавница на 25.11.2020 околу 19.30 часот има пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ Случајот е пријавен откако машко лице влегло во продавницата и побарало да плати кутија цигари со банкнота од 50 евра. А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица, информираат од полицијата.

По овластување на ОЈО Кочани, екипи на ОВР Берово извршиле увид во продавницата и при оперативни проверки дојдено до сознание дека во случајот бил инволвиран малолетник (17) од Делчево како и други лица.

-Ден подоцна на 26.11.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Делчево извршен е претрес на три локации извршен и притоа е разговорано со четири лица. Претрес е извршен во домови на двајца малолетници (17) и (16) како и кај лицето С.М. (19) исто така од Делчево. При претресот одземени се испечатани разни банкноти, лаптоп и три мобилни телефони. Дополнително во полициската станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево, се додава во извештајот од полицијата.

По обезбедување на целосната документација за случајот е најавен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*