Објавен јавниот повик за набавка на теренско возило за гаснење на пожари

Општина Делчево ќе набавува теренско возило за гаснење пожари. За таа цел како што информираа од Општината е објавен јавниот повик за поднесување понуди за реализирање на набавката.

-Повикот за понуди е по претходна општа објава за набавки објавена во изданието на UN Development Busines и е во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги за кој државата доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој. Во таа смисла, Општина Делчево дел од добиените средства од овој кредит, ќе ги искористи за исплата по договор за набавка на стоки – набавка на теренско возило за гаснење пожари, истакнаа од Општината.

Набавката на возилото за гаснење пожари, како што додаваат е утврдена како приоритет и е резултат и на спроведената методологија на Светска банка „Урбанистичка ревизија“ и од дополнителното анкетирање на граѓаните од месните и урбаните заедници.

-Приоритетот се јавува како потреба на граѓаните, поради големите материјални штети предизвикани од шумски и урбани пожари изминатиот период, но и старата механизација, односно старите противпожарни возила со кои располага ТППЕ Делчево. Со оваа набавка ќе се реши проблемот со дотраената и стара механизација на ТППЕ Делчево, а ќе се придонесе кон брза и навремена интервенција во случаи со пожари, додадоа од Општината.

Деталите за учество во јавниот повик за набавка на теренското возило, како што додадоа, се објавени на општинската веб-страница.

Повеќе за ова на линкот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*