Се почесто тестирањето со брзи тестови за Ковид-19 во Делчево

Зголемен интересот за брзи тестови за Ковид-19 во Делчево и М.Каменица. Директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, информира дека повеќе од два месеци во просторијата за земање брис, успешно се земаат и ПЦР тестови, додека во последниот месец граѓаните се почесто се тестираат со брзи тестови за Ковид-19.

-Во мај месец ние ја оформивме таа просторија за земање на брисеви и работеше еден период со мал одзив а и немавме коронавирус. Од пред два месеци веќе редовно вторник и петок таа просторија се користи за земање ПЦР тестови. Од пред еден месец таму истотака се прават и брзи тестови. Интересот е зголемен за тие тестови, дневно се прават до 40 тестови, истакна Глигоровска.

Во меѓувреме во делчевскиот здравствен дом, како што додаде директорката Глигоровска е опремен ковид-центарот, кој почнува со работа.

-Од огромна важност беше ковид-центарот да се пушти. Останува овие денови да се наредат уште креветите и истиот да почне да прима пациенти по потреба, додаде Глигоровска.

Центарот ќе биде од огромна важност за Делчево и М.Каменица, бидејки тие се меѓу општините во кои се бележи раст на Ковид-19 случаите, од коо повеќето се со лесна клиничка слика.

-Сега имаме во тек на неделата еден до два случаи со потешка слика, но најголем дел од новозаразените се со полесни симптоми. Можеби бројот на нови случаи е зголемен затоа што се зголеми тестирањето, рече Глигоровска.

Во здравствениот дом во Делечво деновиве финишира и реконструкцијата на внатрешните простории, реконструкција коај се очекува да заврши до крајот на оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*