Распишан литературниот конкурс по повод манифестацијата „Вапцарови бранувања“

Во Делчево објавен литературниот конкурс за учество на манифестацијата „Вапцарови бранувања“. Темата на годишениот конкурс, како што информираше Љупчо Петровски од литературната дејност при Центарот за култура е „Вапцаровите слободни стихови – мостови за разбирање“. 

-Во чест на големиот поет и наш патрон , Никола Јонков – Вапцаров по кој нашата Националната установа – Центар за култура во Делчево го носи името и годинава ја продолжуваме традицијата „Вапцарови бранувања“. По тој повод распишавме литературен конкурс за поетски творби за ученици од четврто до деветто одделение.  Се надеваме дека одбраната тема ќе го предизвика интересот на љубителите на пишаниот збор кои секогаш имаат што да кажат кога е поезијата и прозата во прашање, истакна Петровски.

Од Центарот за култура додадоа дека личните творби за литературниот конкурс треба да бидат испратени најдоцна до недела 7 декември 2020 година.

-Конкурсот е отворен од денес и ќе трае до недела. Личните творби на учесниците треба да бидат отпечатени и со име и презиме пратени на официјалната страна и на е-адресата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, додаде Петровски.

Како што додадоа од Центарот за култура во Делчево, наградените творби ќе бидат соопштени на самото одржување на манифестацијата „Вапцарови бранувања“ која ќе се одржи по завршувањето на литературниот конкурс. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*