Делчево новогодишно се украсува

Започна новогодишното украсување во Делчево. Со цел да се збогати новогодишната атмосфера, традиционално во овој период од годината и во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Делчево најпрво започна со украсување на главните улици во градот.

-Украсувањето со новогодишни светилки и реквизити се врши со постоечките новогодишни украси, набавени претходните години, бидејќи за оваа 2020 година во Буџетот на Општина Делчево се скратени сите непродуктивни трошоци, па во таа смисла, во Буџетот нема предвидено средства за новогодишно украсување на градот, информираа од Општината.

Новогодишното украсување на улиците, објектите и домовите, има посебна традиција и порака, посебно во време, како оваа здравствена криза, со што се дава придонес за поттикнување на позитивното, надежта и вербата дека новата година ќе испишува позитивни страници, а воедно на најмладите, да не им се скратува новогодишната бајка, додадоа од Општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*