„Не мислете погрешно, мислете со срце“ – ЈЛБ „Илинден“ со свои активности по повод Светскиот ден на лица со посебни потреби

И оваа година Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево со свои активности активности се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на лицата со посебни потреби во рамки на Неделата на хуманоста. Во рамки на активностите библиотеката ја посети ученичката Лаура Даневска која помогна во работењето на библиотекарите од првата смена.

-По повод трети декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби, а во рамки на неделата на хуманоста, денес во библиотеката е Лаура Даневска и таа ќе помогне во работењето на библиотекарите од првата смена. Лаура е девојче со Даунов синдром, многу мила и полна љубов и позитивна енергија. Со тоа што Лаура накратко ќе поработи како библиотекар, сакаме да покажеме дека и покрај различностите сите сме исти. И дека со многу љубов и трпение сите можеме да се чувствуваме корисни членови на ова општество, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Порача дека сите мораат да ги победат предрасудите дека лицата со Даунов синдром не можат да постигнуваат резултати.

-Напротив, можеби побавно ги совадуваат вештините но постигнуваат резултати и во образованието, уметноста, спортот. И зошто еден ден Лаура да не биде библиотекар, и зошто да не биде иста како сите вработени во било која институција каде може да ги извршува работните активности. Заради ова нашата главна порака по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, до сите кои мислат дека тие лица не треба да се интегрираат во оштеството е „Не мислете погрешно, мислете со срце“, додаде Петровска.

Како што изјави самата Лаура, таа е ученик во 5 одделение, редовно следи онлајн настава, а најомилен предмет и е англискиот. За неа беше предизвик денес макар и на кратко да биде библиотекар и да им помогне на библиотекарите.

Од страна на ЈЛБ „Илинден“ малата Лаура доби скромни подароци кои ќе придонесат таа и понатаму да продолжи да ја негува љубовта кон пишаниот збор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*