Нов протест со автомобили на ВМРО ДПМНЕ Општински комитет – Делчево

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево го реализираше вториот протест со автомобили низ делчевските улици на кои побара оставка од актуелниот премиер на Владата, Зоран Заев. Протестот започна од градскиот стадион продолжувајки низ улиците на населбата Милково Брдо потоа движејки се кон булевар Македонија со крајна дестинација во градскиот парк каде пред присутните по завршувањето на протестите со автомобили се обрати членот на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки кој даде свој одговор на обвинувањата дека протестите биле антибугарски.

-Најпрвин сакам да упатам една порака и да се обратам до оние што не обвинуваа дека сме правеле антибугарски протести и дека сме биле против бугарскиот народ. Тоа не е така, нашите протести не се насочени ниту против Бугарија, ниту против бугарскиот народ. Ние со бугарскиот народ сме братски народ и со него сакаме да живеееме во Европската унија. Нашите протести се против оној кој распродаде се што е македонско, кој што нема ништо свето, а најсвето му се парите и кешот. Нашите протести се против оној, кој што пред два дена си го избра за советник криминалецот осуденик Владо Бучковски, за да му биде преговарач во спорот со Бугарија. Такви луѓе нам не ни требаат. На Македонија не и требаат луѓе кои се лојални на туѓи држави и туѓи интереси. На Македонија и требаат луѓе кои се лојални на македонските интереси, а овие двајца тоа не се, рече Ковачки.

Поради ова како што додаде народот мора да стори се, Заев да замине под итно. 

-Заев според мене не го заслужува македонското државјанство, тој не заслужува да се нарече Македонец. Ако тој сака да прави друга вештачка нација во која ние македонците ќе сме некакви самоосвестени Б’лгари, после 45 тата година, тоа може тој да го прави за себе. Никој не му дал за право ни нему, ни Бучковски тоа да го прави на нас, а згора на тоа Владо Бучковски да изјавува дека ние Македонците сме еден народ во две држави, меѓутоа не било моментот тоа сега да се каже. Па еве да го прашаме кога е моментот тоа да се каже. Тој ли ќе ни каже на нас, суштината ли е проблемот или времето е проблемот, додаде Ковачки на протестите во Делчево.

Ковачки на крајот од обраќањето ги повика сите кои присуствуваа на протестот, телефонски да ги контактираат пријателите, познаниците дури и пријателите од СДСМ, и да им ги објаснат овие работи бидејки додаде дека е последно време за Македонија која нема да има втора шанса. Заврши дека ако се дозволи да се спроведе тоа што го намислил Заев,  Македонија ќе влезе во деизнтеграција и потоа ќе биде доцна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*