Граѓанка на Делчево со порака: Да му покажеме на светот дека сме обединети!

Фејсбук објава на Мика Илиевска

ВЕ МОЛАМ ПРОЧИТАЈТЕ

Драги пријатели, ние Македонците сме комплициран но добар, гостопримлив и друштвен народ. Додека се повеќе од нашите чеда бараат чаре иселувајќи се во странство, ние овде во убавата наша држава тешко се разбираме едни со други, највеќе заради разлики во нашите политички убедувања. Сепак, подлабоко од тие убедувања ние сме една нација, ние сме македонци. На патот за надеж за подобро утре, како држава имаме веќе направено огромни компромиси. И со тоа предвид, продолжуваат други држави јавно да го интерпретираат нашиот национален идентитет како што ним им оди во прилог.Зависи од нас, како народ, како целина, како македонци да го промениме наративот. Дали сме либерални, конзервативни, обожаватели на било која политичка партија, дали говориме македонски, албански, српски, ромски, влашки, турски или друг јазик, СИТЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ. Ајде да му покажеме на светот дека дека сме обединети зад тоа кои сме ние, дека можеме да се согласиме за тоа и да направиме нешто неверојатно! Да не слушне светот! Да можеме да покажеме дека сме обединети, силни и што е најважно добронамерни.ИМАМ ПРЕДЛОГ: Недела, 13ти Декември, во 12 часот да направиме огромно (дистанцирано, со маски) оро, сите заедно, на улиците во сите наши градови како мировен протест, за да ги запреме нападите врз нашиот идентитет. Идентитетот е темелна вредност за секој човек и сите имаме основно право да го произнесеме сопствениот идентитет.Доколку се согласувате со горенаведеното, ве молам тагирајте, споделувајте и поканувајте пријатели, па кој знае, можеби ќе успееме заедно да постигнеме нешто што ничија политика нема да го направи за нас!Верувам во нас!П.С. Ве молам ако говорите друг јазик да го преведете и споделите овој пост за да стигне пораката до сите македонски граѓани! ❤️

Линк до оригиналната објава:

https://www.facebook.com/mika.ilieva/posts/3639173726138960?cft[0]=AZUSJcaE5ZwrC9f638kU7aBsvPRA9YaJlq_zPACZt8-l1pRlVvWXjWJ1f4SQ9Z–s68A1a1wFn8kksvdYZwCPjPo80jLjLa5E1nXG2YRfgYSCaK4jk0t9vEH-RKFOXjqL6k&tn=%2CO%2CP-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*