
-Традиционално и годинава ЈЛБ „Илинден“ организира новогодишен саем на книги. Саемот како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска е планиран да започне на 10 декември со строго почитување на сите протоколи за заштита од коронавирус.
-Годинава се одлучивме за издавачки куќи „Матица“ и „Сакам книги“. Саемот ќе започне од 10 декември и ќе трае до крајот на годината. Посетата на саемот ќе биде со строго почитување на сите мерки за заштита од КОВИД, носење маски, растојание и влегување во библиотеката еден по еден, рече Петровска.
Од библиотеката додадоа дека околу изборот на книги кои ке се најдат на саемот како и за цената на книгите одлучуваат издавачките куќи.
Leave a Reply