Уништени сандаци со пчели во Бојчовско маало во делчевското село Бигла

Вандалски чин уништи неколку кошници со пчели во Бојчовско маало во делчевското село Бигла. Пчелите се сопственост на Кирчо Мирчевски кој за случајот бил известен од сточар од селото кој во близина на сандаците бил на испаша со стоката. Мирчевски засега нема претпоставки и не посочува кој би можел да биде сторителот, бидејки вели дека со никој се нема скарано во селото.

-Местото е заградено и потребен е поголем напор да се турнат сандаците, затоа сметам дека животно кое некако се нашло внатре не би можело да ги турне сандаците, а и би имало трага од него. Ако некој мисли дека сум му направил нешто лошо, требало да каже, не на ваков начин да прави штета. За тој што го сторил ова можам само да кажам нека му стои на чест, вели Мирчевски.

Тој вели дека не е искусен пчелар, но со пчеларство се занимава три години и доста научил од неговиот дедо.

-Имам значи околу 5 пчелни семејства, тој што го направил ова треба да знае дека многу труд треба да имаш вложено, бидејки за да се занимаваш со пчели, потребно е голем мерак. Почнав со една пчела, а мало познавање имав од дедо ми, на мојата мајка татко и, тој чуваше пчели, но сепак собирав иксуство и од друго место, треба и знаење како треба да ги одгледаш, додава Мирчевски.

Тој повторно ќе се обиде да го врати местото во првобитната состојба и се надева дека ќе го зголеми бројот на пчели во иднина. За пчелата додава дека е еден од најзначајните инсекти за животот на земјата, затоа како што додаде, тој што ја сторил штетата треба да се срами за сторениот вандалски чин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*