Локалниот огранок на Левица во фаза на проширување и структуирање

Локалниот огранок на Левица – Делчево е во фаза на проширување и структурирање. За таа цел во објавата на дел од членството на партијата ги поканија сите заинтересирани да учествуваат во активностите на партијата.

-Почитувани сограѓани, Локалниот огранок на Левица – Делчево е во фаза на проширување и структурирање. За таа цел, ве покануваме сите вие кои сте заинтересирани да учествувате во активностите на партијата, или сакате да дадете поддршка како симпатизери на Левица, да ја пополните нашата електронска пристапница, која може да ја најдете на нашиот веб сајт, со што ќе станете член на Партијата, а нашите другари одговорни за ЛО Делчево, ќе ве контактираат по процесирањето на истата. Доколку сакате директно да стапите во контакт со нас, може да не’ контактирате на нашата Facebook страна Левица – Делчево, се вели во објавата на дел од локалното раководство на партијата Левица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*