Прехранбени пакети од Општина Делчево за ромски семејства во социјален ризик

Општина Делчево се вклучи во акцијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Фондацијата „Отворено општество Макеоднија“ која се спроведува со цел во услови на здравствена криза да се помогне на ромски семејства кои живеат во социјален ризик.

За таа цел делечвскито градоначалник, Горан Трајковски, додели 10 пакети кои содржат прехранбени продукти и кои заедно со пакетите кои вклучуваат средства за хигиена и дезинфекција, како и суплементи, обезбедени од ФООМ, ќе се дистрибуираат до таргетираните семејства.

-Овие пакети ги дистрибуиравме до Општинската организација на Црвен крст Делчево се со цел продолжување на хуманитарните активности во кои веќе 8 месеци сме активно вклучени. Здравствената криза удира најмногу на оние семејства кои и така едвај врзуваа крај со крај. Ја поздравувам оваа иницијатива на Црвениот крст и на Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и сакам да потенцирам дека и јас, како градоначалник и Општина Делчево, ќе продолжиме со хуманитарната акција, да помогнеме на оние на кои им е најпотребна помош. Воедно, изразувам благодарност за хуманоста на фирми и поединци од Делчево кои донираат средства и на тој начин ја потврдуваат и својата општествена одговорност во услови на криза, рече Трајковски.

Во рамките на хуманитарната акција на Црвениот крст на РСМ и ФООМ Делчево ќе бидат доделени вкупно 73 пакети со средства за хигиена и 10 прехранбени пакети. Во акцијата се вклучи и НВО КХАМ од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*