Детската градинка „Весели Цветови“ од Делчево и во услови на Ковид-19 продолжува со реализирање на настанот „Здрава трпеза“. И годинава како што информираше директорката на установата Билјана Симовска, со поддршка на општествено одговорни фирми, во рамки на одбележувањето на настанот ќе бидат дистрибуирани хуманитарни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик.
-Во Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови“ и оваа година во време на КОВИД кризата настанот „Здрава Трпеза“ има Новогодишна хумана мисија. Наместо подготвена трпеза во градинката, вработените во градинката подготвија пакети со храна кои ќе ги дистрибуираат до семејства кои живеат во социјален ризик. Благодарност до општествено одговорните фирми од градот Пеке дисконт и Тобако, кои оваа година самоиницијативно зедоа учество во акцијата и овозможија да внесеме малку ведрина во нечиј дом, рече Симовска.
Линк до објавата на ОЈУДГ „Весели Цветови“:
Leave a Reply