Во тек е постапка за поставување видео надзор за спречување на вандализмот во Делчево

Во тек е постапка за поставување систем за вршење видеонадзор на три локации во Делчево. Од општината информираа дека со цел заштита на јавното добро во градот видео надзор ќе се поставува на локациите: пешачки мост „Гоце Делчев“, детско игралиште во населба Ново Делчево и тениско игралиште во населба СРЦ.

-Поставувањето на видеонадзорот е со цел да се превенира од  уништување на јавниот имот, да се зачува јавното добро ставено во функција на граѓаните и купено со парите на граѓаните, како и да бидат минато сликите од уништена урбана опрема во градот, информираа од Општината.

Во таа насока, деновиве на општинската веб-страница, delcevo.gov.mk, е активна јавна анкета на која граѓаните можат да дадат свое мислење, дали се за или против поставување видонадзор на споменатите локации. Анкетата според надлежните ќе помогне за да се слушне мислењето на граѓаните со цел да продолжи постапката за поставување видеонадзор на трите фреквентни локации кои се честа мета на несовесни граѓани.

Фото архива: Вандалски чин кој се случи пред две години

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*