Домот за стари во Берово забрзано се доградува

Во Берово забрзано се работи на уредување на третата ламела од Домот за стари лица ,,д-р. Иван Влашки” во Берово. По уредувањето во домот како што информираат од Општината ќе бидат овозможени 10 нови легла за корисниците кои ќе добијат ново место за одмор и рекреациј.

-Внатрешното уредување на третата ламела, е финансирано од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа а преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и  со кофинансирање од Општина Берово. Сметам дека во Домот за стари лица во Берово, услугите се на високо ниво, од нега и грижа, до хигиена, храна, потребна медицинска помош и поддршка во секојдневните активности и се надевам дека партнерството меѓу институциите, кои овозможија реализација на овој проект,  ќе овозможи големо задоволство на 10 нови семејства, кои ќе ги користат услугите на Домот, итакна Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Општина Берово претходно учествуваше на регионални форуми во заедницата, спроведени од Центарот за развој на источно плански регион, на кои беше донесена одлука за финансирање на внатрешното и хортикултурното уредување на третата ламела од Домот за стари лица во Берово.

Со внатрешното уредување на третата ламела, ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” во Берово, освен 10 нови легла за корисниците, ќе бидат овозможени и нови вработувања во установата, со што според надлеѓните, општината и источниот регион ќе имаат голем социјален но и економски бенефит.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*