Предновогодишно изненадување од ЈЛБ „Илинден“ за најмалите читатели во библиотеката

Најмладите читатели членови на ЈЛБ „Илинден“ Делчево денес добија новогодишен подарок книги и пакетчиња. Директорката на билбиотеката Биљана Петровска истакна дека и покрај пандемијата со Ковид 19, ЈЛБ „Илинден“ сепак успеа во текот на годината што зминува да реализира 15 активности и настани.

-И оваа година биравме, читател на годината, читател на летото, ги наградивме нашите најредовни и највозрасни читателки, и еве сега на крајот на годината одлучиве да подариме книга на нашите најмали и најредовни читатели. Библиотеката ги награди тие мали ама големи читатели. Тоа се дечиња кои само што научиле да читаат или сеуште учат, ама редовно доаѓаат по нова книга, навреме ја враќаат, знаат што сакаат да читаат, знаат што имаат прочитано, и не сакаат да им сугерираш што треба да изнајмат, рече Петровска.

Сето ова како што додаде е со цел да биде поттик или апел до сите родители да ги научат децата да ја сакаат книгата, да ги научат од мали да сакаат да читаа да посетуваат библиотека.

-Љубовта кон читањето и убавиот пишан збор се создава во најрана возраст. Денес наши гости се нашите најмали и најредовни читатели големо браво за нив нека продолжат да читаат книги. Тоа се: Александар Георгиевски, Анастасија Јовановска, Евгенија Илиевска, Илија Спасевски. едно големо браво за сите нив се надеваме дека и понатаму ке бидат наши редовни членови и ќе продолжат да читаат, додаде Петровска.

Во продолжение изјавите на дечињата и директорката Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*