Продолжува кражбата во православните храмови во беровскиот регион

Продолжува кражбата во православните храмови во беровскиот регион. Во последната кражба украдени се пари во храмот „Св.Кирил и Методиј“ во туристичката населба Суви Лаки. Како што е наведено во полициското соопштение, на местото на настанот забележливи биле траги на насилно влегување во црквата.

-На 23.12.2020 во Полициската станица Берово било пријавено дека во временскиот период од 16.00 часот на 22.12.2020 до 16.00 часот на 23.12.2020, од страна на непознат сторител, со употреба на физичка сила и подесен предмет, насилно било влезено во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во туристичката населба „Суви лаки“, атар на Берово, од каде биле одземени пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Берово, се вели во полициското соопштение.

Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Претходно вакви кражби беа забележани во црквата „Св.Спас“ во село Владимирово, додека пред кражбата во населбата Суви Лаки, на 2 декември годинава кражба е пријавена и во црквата „Св.Ѓорги“ во беровското село Будинарци. Во кражбата која тогаш се случила, како што беше објавено во полицискиот извештај, исто така биле украдени пари. И во двата претходни случаи, не се откриени сторителите на кражбата.

Црквата „Св.Ѓорѓи“ во Будинарци

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*