Видео: На прес од ВМРО ДПМНЕ Делчево прашаа: Има ли дозвола ЈПКД „Брегалница“ за вршење ископ на песок во р.Брегалница

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево, Сашко Ивановски денес одржа прес-конференција на која од Јавното претпријатие „Брегалница“ побара одговори на неколку прашања поврзани со ископот на песок кој се врши во река Брегалница.

-Се наоѓаме на местото каде ЈПКД „Брегалница“ со свои возила и механизација секојдневно врши утовар и ископ на песок. Уништен е биодиверзитетот, сменет е релјефот, а местото наликува на воена зона. Граѓаните шесокот го купуваат од концесионери додека ЈПКД „Брегалница“ нашла некој друг начин тоа да го прави. Од сето ова прашуваме: Дали јавното претпријатие „Брегалница“ има дозвола да врши ископ на ова подрачје, дали директорот издал налог на вработените да вршат ископ и за што се користи песокта од оваа локација, праша Ивановски.

Јавно апелираше до надлежните органи и тела и до Општинското јавно обвинителство да го испитаат случајот и да утврдат дали има елементи за можно кривично дело.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*