Мирна новогодишна вечер со една интервенција на Итната медицинска помош ја окарактеризира Новогодишната ноќ во Здравствениот дом во Делчево. Директорката на здравствен дом Марија Глигоровска информираше дека пред и по Новогодишната ноќ не се регистрирани интервенции поради пијанство и прејаденост, кои во минатото биле честа појава.
-Според податоците на дежурните, интервенции во тој дел немавме, што значи дека имавме мирна Новогодишната ноќ. Единствената посериозна интервенција која ја имавме е интервенција поради сообраќајна незгода. Момче кое со автомобил удрило во ѕид е пратено на понатамошни испитувања на Клиничка болница Штип, по претходно констатирани повреди на глава, информираше Глигоровска.
Апелираше граѓаните и во периодот кој следи да се воздржат од обилни количини на мрсна храна и алкохол, се со цел да не дојде до појава на прејаденост и алкохолно труење.
Leave a Reply