Традиционално и оваа година, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски во придружба на претседателот на Советот, Драган Маневски ги посети дежурните служби чии вработени беа на своите работни места за Новогодишната ноќ.
-Новогодишната ноќ е работна за Итната медицинска служба, за пожарникарите во ТППЕ Делчево, за полициските службеници од ПС од општа надлежност- Делчево, како и за Царинската испостава на Граничен премин Делчево. Посетата ја искористивме, за да се запознаеме со нивните обврски, предизвици и со условите во кои работат. Во знак на благодарност и за нивниот посебен придонес во зачувување на здравјето, безбедноста и имотот на граѓаните им доделив пригодни подароци кои се во насока на подобрување на условите за работа, истакна Трајковски.
Посака наредната 2021, да им донесе лична среќна, многу здравје и бериќет и успех на професионален план.



Leave a Reply