Во Берово доделени таблети за ученици Роми

Во рамки на РОМАКТЕД Програмата, Општина Берово додели 30 таблети,  на ученици Роми, од семејства со ниски примања како и од многудетни семејства, кои наставата ја посетуваат од далечина.

Таблетите на  учениците од основните и средните училишта им ги предаде градоначалникот на Берово,Звонко Пекевски, посакувајќи им среќни празници, да ги користат уредите за забава и игра, но пред се,  истите да им послужат за да можат да се вклучат во on line наставата.

Уредите се обезбедени  во рамки на грантот за општините, кои се вклучени во Програмата, вклучително и активноста за брз одговор во услови на КОВИД 19.

Целта како што додадоа од РОМАКТЕД Програмата е да ги вклучи Ромите на локално ниво, врз принципот на добро локално владеење и имплементација, преку учество во процесот со формирање на Акциска група на заедницата и заеднички Акционен план.

Од општината додадоа дека на учениците, таблетите ќе им бидат добредојдени за посетување на on line настава и ќе допринесат до поголемо вклучување на учениците Роми во наставата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*