Во соседна Македонска Каменица родено првото бебе во 2021 година

Во општина Македонска Каменица се роди првото бебе во новата 2021 година. Бебето е женско и е трета рожба во семејството Гоцевски.

-На 2 јануари (сабота) 2021 година, во 07 и 10 минути во гинеколошкото одделение во Штип дојде на свет малата Анелиа Гоцевска. Таа е трета рожба на семејството Гоцевски. Во името на сите граѓани на општина Македонска Каменица на малата Анелиа Гоцевска ѝ посакуваме добро здравје и многу среќа во веселите детски денови. Да им биде гордост и радост на родителите и фамилијата, истакнаа од општината.

Во последните неколку години новороденчињата во општините од крајниот Исток, Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица се повеќе се раѓаат во поголемите клинички центри. Една од најчестите причини за ваквата состојба како што во повеќе наврати имаат истакнато одговорните од здравствените домови е немањето софистицирана опрема и доволно кадар за пораѓањето да се врши во матичните установи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*