Пропадна асфалтот на мост во населбата Стар Монопол. Надлежните со задолжение до изведувачот да го реши проблемот

Дождот денес предизвика проблеми за возачите кои гравитираат кон населбата Стар Монопол во Делчево. Проблемот е поради пропаѓање на асфалтот на дел од мост кој неодамна беше реконструиран. Делчевскиот градоначалник  Горан Трајковски телефонски информираше дека заедно со надлежни лица од локалната самоуправа извршиле увид на местото на настанот и притоа побарале од изведувачот да пристапи кон санација на оштетениот мост.

-Денес и ние овде во локалната самоуправа околу 9 часот бевме известени дека има оштетување на патот кон населбата Таушанско Маало или Стар Монопол, односно пред мостот. Заедно со лица од урбанизам во 9:30 заедно со надзорот бев и јас лично за да видиме колкаво е оштетувањето. Веднаш е пристапено кон поставување на сообраќајни знаци за регулирање на протокот на сообраќај и надзорот има стапено во контакт со изведувачот, за да тоа биде во најкраток рок санирано. Од изведувачот сум известен дека во текот на утрешниот ден тоа оштетување ќе биде санирано, имаат и денес направено зафати за да нема проблем во сообраќајот, а во текот на утрешниот ден да биде целосно саниран тој дел кој што е оштетен. Се уште на тој пат не е завршена работата и не е предаден во владение на локалната самоуправа, така што изведувачот ќе си ги презеде сите мерки за настанатите оштетувања, рече Трајковски.

На овој патен правец во 2021 година како што додаде градоначалникот останува да се доизградат тротоарите и потоа да се направат сите неопходни технички подготвки за негово конечно пуштање во употреба. 

-Таму треба да бидат изградени тротоарите, на дел од тој пат се изградени меѓутоа на поголем дел треба да се доизградат и надзорот во однос на сите ингеренции кои ги има да провери дали може да го предаде на локалната самоуправа и да си течат процедурите во катастар итн за да можат граѓаните да безбедно да го користат тој пат, иако и сега е безбеден но бидејки не е завршен во целост при временски прилики можат да настанат проблеми на тој патен правец. додаде Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*