ЈЛБ „Илинден“ го заокружува процесот на електронско издавање книги

Јавната локална библиотека „Илинден“ и во Новата 2021 година продолжува со своите активности во насока на заокружување на процесот на електронско издавање книги. Во рамки на првата активност во 2021 година како што истакна директорката Биљана Петровска се задолжуваат сите членови на библиотеката кои се на картон да направат електронска членска карта или задолжително да ги вратат позајмените книги.

-Вообичаено на почетокот на годината ЈЛБ „Илинден“, испрака опомени до сите членови кои не ги имаат вратено книгите. Сега со електронското зачленување, имаме точни податоци кој читател кога треба да ја врати книгата и колку книги изнајмил. Мегутоа имаме околу 100 членови кои останаа во старата година со картон, што значи дека времето за враќање на книгите поминало. Сакам да ги информирам тие наши членови дека најдоцна до понеделник треба да ги вратат книгите. Доколку сакаат да го продолжат членството, тоа можат да гонаправат и ќе добијат електронска членска карта. Ние телефонски ќе ги контактираме сите, а доколу книгите не бидат вратени, ќе мораме да се повикаме на изјавата што ја имаат потпишани нашите членови. Искрено се надевам дека до тоа нема да дојде и дека со убав разговор, а не со судски процес книгите ќе бидат вратени, рече Петровска.

Петровска најави дека библиотеката наскоро ќе изврши попис на книжниот фонд во библиотеката, се со цел увид во литературата со која располага.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*