Делчево го доби првороденото бебе во 2021 година. Среќниот татко Даниел Стоименовски информираше дека неговата сопруга Сандра Стоименовска на свет ја донела ќерката Мила, која им е прва рожба во семејството.
Малата Мила, како што додаде таткото Даниел е родена во Клинички центар Скопје, на 4 јануари 2020 година.
За првороденото бебе во Новата година општина Делчево ќе издвои паричен надомест од 10 илјади денари.
Во предвечерието на Христовото раѓање – Божик, на среќните родители им ја честитаме рожбата и им посакуваме среќни празници.

Leave a Reply