Делчевецот Блаже Крстевски произведе „бела тиква“ тешка 32 килограми

Бела тиква или како што народот ја вика балка тешка 32 килограми е произведена во делчевското селот Тработивиште. Истата е сопственост на делчевецот Блаже Крстевски кој вели дека прв пат се случува толкава балка да пронајде меѓу своите градинарските производи.

-Триесет и две кила е балката, оваа година ја произведов во село Тработивиште. Добра е, убава сорта е. Планирам да ја продадам ако има кој да ја купи, ако не ќе ја сечеме, па ќе видиме. Ако дојде некој да ја земе 20 денари е килограм, а може и да се договориме за цената. На тоа место повеќе години садам и пченка и грав и секако балки. Според мене отскокнува од другите најверојатно поради поголемата наѓубреност на местото, вели чичко Блаже.

Еве ја изјавата на чичко Блаже и необичната „балка“ тешка точно 32 килограми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*