Обичајот „Ѕвегорска Сурова 2021“ годинава нема да се одржи

Денес во Делчево се одржа состанок помеѓу командирот на Полициското одделение од Општа надлежност Делчево, претставник на месната заедница од село Ѕвегор и кумот на овогодишната Ѕвегорска сурова при што беше донесена одлука дека годинешното издание на традиционалната Ѕвегорска Сурова 2021 се откажува.

Како една од причините за ваквата одлука се наведува забраната за групирање поради пандемијата. Поради ова од месната заедница и организациониот одбор апелираат до жителите на Ѕвегор дека строго според законот ќе се казнува самоиницијативното организирање или групирање и евентуалното одржување на овој настан од страна на поединци.

Во продолжение соопштението од кумот на манифестацијата Ване Гошевски кое е истакнато на неколку видни места во село Ѕвегор.

Во меѓувреме се потсетуваме на дел од минатогодишното издание на Ѕвегорската сурова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*