Поранешен ученик во делчевската гимназија донираше лап-топ компјутери за одлични ученици

Поранешниот ученик во делчевската гимназија Симона Стојановска донираше лап-топ компјутери на одлични ученици за полесно следење на он-лајн наставата во второто полугодие. Донацијата се реализира во соработка со германската софтверска компанија „d.velop“, а како што истакна мајката на донаторот Горица Милчевска, целта е да им се помогне на оние ученици кои имаат потреба од лаптопи за полесно следење на наставата.

-Иницијативата беше како таа што знае дека не може секој да дојде до компјутер, како таа што не можеше да има и реши да донира компјутери, во гимназијата 5, а во наредниот период 2 ќе доделиме 2 лаптопа и во деветолетката „Ванчо Прке“. Рече дека нема да застане тука ќе продолжи и понатаму со вакви активности, истакна Милчевска.

Забладодарувајки се за донацијата дел од учениците рекоа дека со овие лап-топ комјутери ќе можат подобро да ја следат он-лајн наставата.

-Јас сум Анастасија Узунска и многу сум задоволна од то што ми помогнаа вакви луѓе и што секогаш се тука блиску до нас да ни помогнат и знаат како е да си во тешка финансиска состојба и посебно со економската криза во Македонија и поради коронавирусот. Навистина сум благодарна и се надевам дека ќе постојат уште такви луѓе кои ќе бидат покрај нас и ќе ни помагаат, рече Узунска.

-Сакам да изразам благодарност за лаптопот. Трета година сум и сум одличен ученик сум и овој лап-топ многу ќе ми помогне во наставата, истакна Кристијан Симоновски.

-Благодарам за донацијата, супер е оваа идеја со тоа што овие лаптопи треба да ги искористиме максимално, рече ученикот Марија Мишева.

Директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски изрази голема благодарност до донаторите.

-Во овие тешки времиња кога нашите ученици мораа да го сменат начинот на учење, многу од нив се соочија со проблемот да немаат можност да бидат дел од образовниот процес. Токму во овие времиња, хуманоста и солидарноста излегуваат на дело. Сите овие деца кои се во образование се и наши деца. Сакам да изразам огромна благодарност кон германската софтверска компанија d.velop, нашата поранешна ученичка Симона Стојановска (родена Милчевска) за нејзината иницијатива, за господинот Кристоф Плиете и господинот Себастијан Вохнер, за нивната љубов и хуманост кон нашите деца. Искрена благодарност за вашата несебична помош и поддршка, Вашата отвореност, Вашта желба да го оствариме заеднички правото на секое дете да има пристап до современите технологии и можност да ја следи он-лајн наставата. Светот е мал, а сеќавањето на вас ќе биде големо, рече Прачкоски.

Според планираното во текот на неделава лаптоп компјутери ќе бидат доделени и во деветолетката „Ванчо Прке“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*