Фејсбук статус на Тимче Цековски:
И така во туѓа земја, под туѓ кров, работиш, спиеш, учиш и зборуваш. Како да си тек роден, се од почеток. А таму каде што си роден, каде што си проодел, прозборел, останало се она со што ти е полно срцето. Целата љубов, милост, топлина, станува електронска жица. Остануваме желни за своите родители, роднини, пријатели. Своето двориште, своето мало небо. И така полн новчаник, празна душа, живееш од ден за ден, надевајќи се дека времето ќе си го направи своето…
Leave a Reply