Postolovski LTD продолжува со поддршката за РК „Делчево“ кој започна со подготовките за пролетниот дел од сезоната

Postolovski LTD од Делчево продолжува со поддршката на младите спортисти од Делчево. По многубројните донации во ракометот, фудбалот, кошарката и други спортови, повторно ги израдува младите ракометари и ракометарки од РК „Делчево“ доделувајки им комплет спортска опрема за успешен старт на подготовките, кои како што истакна тренерот на клубот Горан Велков од денес и официјално започнаа, како за прволигашите, така и за младинските категории.

-Денеска РК „Делчево“ ги започнува подготовките за пролетниот дел од првенството. Поради ковид кризата во овие категории ќе се игра турнирски систем, нема да има првенствени кола, додека прволигашот РК „Делчево“ на 24/25 февруари гостува на екипата на „РК „Борец“ од Велес. Се надеваме дека овој период ќе биде доволен за почеток на првенството имаме еден месец за подготовки. Екипата е комплетна, како машката така и женската екипа. Сакам да кажам дека овој почеток на првенството ќе го искористиме за да кажеме една убава информација, а тоа е дека фирмата Postolovski LTD и нивните соработници донираа 35 комплети тренерки за нашата екипа и кажаа дека во текот на првенството ќе продолжи нашата соработка со нив. Сакам да изразам една огромна благодарност до нив и да им посакаме успешна работа и понатаму како и досега што работеа, истакна Велков.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*