Видео: Делчевските советници ја одржаа првата седница во 2021 година

Делчевските советници на денешната 49-та седница донесоа одлука за доделување парична помош на Здружението на граѓани „ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица во износ од 60.000 денари. Средствата како што беше истакнато во образложението од раководителот на секторот финансии Шабан Багашов ќе бидат наменети за санирање на штетата настаната од неодамнешниот пожар кој го зафати објектот „Глобал“ Струмица.

Во рамки на останатите точки кои беа на разгледување на денешната седница беа усвоени статутарни измени, одлуки од областа на урбанизмот и програми за работа за 2021 година, како и извештаи за реализација на активности за 2020 година.

Советниците ги донесоа: Извештајот за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“ за 2020 година и програмата за работа на Јавната локална библиотека „Илинден“ за 2021 година, извештајот за 2020 и програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 година, програмата за еднакви можности на жените и мажите и работа на КЕМ за 2021 година, извештајот за реализација за 2020 година и програмата за одбележување настани и културни манифестации за 2021 година, извештајот за реализација за 2020 година и програмата за односи со јавноста и промоција на Општина Делчево на 2021 година, програмата за уредување градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година, програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2021 година.

Статутарните измени кои ги усвоија советниците се иницирани поради законските измени во делот на Партиципативното тело од областа на урбанизмот и Законот за урбанистичко планирање од 2020 година како и законските измени во делот за Советот на млади.

На денешната Седница се донесе и Одлуката за утврдување зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот  и утврдување пазарна вредност на  градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во предходната година наподрачјето на Општина Делчево.

Донесена е и одлука за детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 – Кожара, град Делчево, Општина Делчево, плански период 2015-2020 со површина од 3,035 ха.

Во продолжение видео од денешната 49-та Седница на Советот на Општина Делчево:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*