Видео: Головите на фудбалскиот херој Никола Марковски од Делчево за кој слушна цела Македонија

Сите ја дознаа приказната за делчевскиот фудбалски херој Никола Марковски за кој се заинтересира целата фудбалска и спортска јавност во државата, но ретко кој ги видел неговите голови на кои е горд, а ги постигна против екипата на ФК „Работник“, во рамки на есенскиот шампионат во Третата фудбалска лига – Исток, чиј лидер е екипата на делчевска Брегалница, за која настапува Никола.

Младиот Никола Марковски во моментот освен што е преокупиран со секојдневните интервјуа за голем број портали и телевизии, активно се подготвува за почетокот на пролетниот дел од сезоната во Третата фудбалска лига, за кој како што самиот изјави, стопроцентно е подготвен за нови подвизи со своите соиграчи, кои засилени со неколку старо-нови фудбалски имиња во екипата, најавуваат продолжување на добрите игри и задржување на врвот на табелата во третолигашката конкуренција.

За потсетување, фудбалската јавност за Никола Марковски се заинтересира поради тоа што е фудбалер со храбро срце, бидејки има деформација на десната рака, кој за тоа вели дека не му претставува проблем, туку му претставува дополнителен мотив за што поуспешни игри на фудбалските терени.

Во своите изјави вели дека најголема инспирација му е неговиот брат Виктор Марковски, кој кариерата ја започна во ФК „Брегалница“ Делчево, а во моментот настапува за второлигашот „Каменица Саса“, додека во фудбалот се вљубил поради фудбалските магии на виртуозот Лионел Меси.

По головите кои Никола Марковски ги постигна против Работник, а со кои практично ја оправда довербата која му ја укажа тренерот Гоце Попов, неговата самодоверба се повеќе се зголемува, поради што очекува уште повеќе добри игри и нови голови на натпреварите кои следуваат.

Секоја чест за младиот херој на кој му посакуваме уште многу успеси на фудбалски план.

Во продолжение головите на Никола Марковски против екипата на ФК „Работник“:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*