Одроните на магистралата А3, ќе се санираат по подобрувањето на временските услови

Санирањето на одроните кај месноста Драките, на патот Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, ќе се реализира со првото подобрување на временските услови. Од Јавното претпријатие за државни патишта, во повеќе изјави за медиумите информираа дека редовно се следи состојбата на терен и најавија дека санација на свлечиштето е предвидено и во годишната програма за работа за 2021 година.

-Временските услови се уште влијаат свлечиштето на споменатиот патен правец и понатаму да биде активно, поради што практично е невозможно да се влијае на негова санација. Санацијата која е предвидена и со Годишниот план за работа ќе се реализира во оној момент, кога условите тоа ќе го дозволат, истакнаа од ЈП за Државни патишта.

За санацијата, според предвидениот годишен план на Јавното претпријатие ќе бидат одвоени околу 1 милион денари.

-Дотогаш за безбедно одвивање на сообраќајот направена е обиколница околу свлечиштето, која се одржува до тампонирање, а со подобрување на временските услови, истата е предвидено да се асфалтира, додадоа од ЈП за Државни патишта.

Во меѓувреме, оттаму дополнија дека големите карпи засега нема да се отстрануваат, бидејки истите служат како дополнителна заштита од нови одрони.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*