Продолжуваат партиските препукувања на релација ВМРО ДПМНЕ – СДСМ во Делчево

Во продолжение ви ги пренесуваме интегралните текстови и видео изјави од денешните прес конференции, кои ги одржаа Кирчо Анастасов, потпреседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Делчево и одговорот од страна на претседателот на ОО на СДСМ Делчево, Влатко Величковски.

Прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево

„Почитувани сограѓани, претставници на медиумите, Вчера локалните функционери на СДСМ засилени со генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, ја претворија салата за венчавки во Спомен домот АСНОМ Делчево во партиски штаб каде што одржуваат состаноци и ажурираат партиско членство. Синоќа Министерот за корупција Николовски, како што беше именуван неодамна на една национална телевизија, на социјалните мрежи без никаква обзирност за функцијата што ја врши и без ни најмало чувство на одговорност, одржа партиски состанок во просториите на Јавната локална библиотека “Илинден” Делчево.

Човекот кој што е платен со пари на граѓаните за да се справува со корупција во државата вчера во Спомен домот АСНОМ изврши груба партизација на јавните простории на ЈЛБ “Илинден”со амин на највисоките функционери на СДСМ во Делчево кои беа присутни на состанокот. Злоупотребата на јавни општински ресурси на сите граѓани, во интерес на СДСМ е дотолку поголема затоа што овие простории во кои синоќа беа истакнати партиски симболи и иконографија, секојдневно ги посетуваат најмладите делчевчани кои што сакаат да позајмат книга за читање од библиотеката во Делчево. Во недостиг на конкретни политики за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, СДСМ во криза го прави она што најдобро го знае: Партизацијата на институциите и злоупотреба на јавни ресурси за остварување на нивна партиска агенда и корист. Ваквата политика на СДСМ од типот “државата- тоа сум јас” мора да престане, а одговорните лица за ваквата пракса треба да сносат одговорност во најкус можен рок“.

Делчево, 08.02.2021 г.

Чита Кирчо Анастасов – Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Одговор на ОО СДСМ Делчево:

Почитувани сограѓани
Денес ОК на ДПМНЕ Делчево, по кој знае кој пат излезе на прес конференција да пласира манипулативни и конструирани лажни вести и информации.

Имено, во врска за вчерашниот работен состанок на ОО СДСМ Делчево, со Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој се одржа во Мултимедијалниот Центар на општина Делчево, вистината и фактите, се следни:

Мултимедијалниот Центар е во сопственост на општина Делчево и со него управува Локалната самоуправа и Градоначалникот на Делчево. Лажна и неточна е изјавата од страна на ОК ДПМНЕ Делчево, дека Мултимедијалниот Центар е сопственост на ЈЛБ Илинден и дека во нејзините простории е одржан партиски состанок.

Мултимедијалниот центар, како и сите други простории во сопственост на општина Делчево и Локалната самоуправа, се создадени и изградени за потребите на граѓаните на општина Делчево, граѓанските здруженија, невладини организации, култруно-уметнички здруженија и организации, вклучително и политички организации и партии.

За таа цел, со одреден паричен надоместок, за потребите на сите чинители во организирана форма, просториите во сопственост на општина Делчево и Локалната самоуправа, се изнајмуваат на користење по барање на истите. Тоа од ОК ДПМНЕ Делчево треба да им биде познато, затоа што и самите ги имаат користено просториите во сопственост на општината и локалната самоуправа, на нивно барање.

За таа цел, ОО СДСМ Делчево, поднесе барање, по добиена усна согласност, архивирано во архивата на општина Делчево. И воедно е извршена уплата, со паричен надомест за користење на просториите. Барањето и уплатата се извршени денес, од причина што недела е неработен ден. За таа цел е побарано и добиено усна согласност.
За небулозата на ОК ДПМНЕ Делчево да биде уште поголема, уплатата на паричниот надомест и формалното писмено барање, се уплатени и доставени неколку часа пред нивната прес конференција во која на делчевската јавност и пласираат лажни, неточни и манипулативни информации.

Со тоа се испочитувани сите формални постапки за добивање на дозвола за користење на просториите и се потврдува лажната и конструирана вест на ОК ДПМНЕ Делчево.

Почитувани сограѓани од раководтсвото на ОК ДПМНЕ Делчево, Вашата изрека односно изјава: “Државата, тоа сум, јас” е одлика на едно друго време, Вашето време, кога Вие имавте апсолутна власт. И кога Вие така ја третиравте и државата и општината.
Имавте можност цели 11 години централна власт и 8 години локална власт, да покажете што умеете и знаете. Од сето тоа, видовме апсолутна 0 и доживеавме невиден режим, како никогаш до сега.
Граѓаните не забораваат. 2016 година на предвремените парламетарни избори кажаа НЕ, за ваквото Ваше владеење

Во 2016 година граѓаните кажаа ДА за изборната програма на СДСМ и коалицијата и својата поддршка ја потврдија на локалните избори 2017 и претседателските избори во 2019 и изборите во 2020 година.

Соочени со фактот дека на локалните избори ги доживувате најтешките порази во вашата партиска историја и тоа дека немате понуда пред граѓаните, се осудувате да манипулирате со конструирање лажни вести за да добиете политички поени.

Со таквите постапки кажувате сами за себе и свесно креирате деструктивност и предизвикувате.

Во Делчево се решаваат децениски проблеми, наталожени од вашето владеење и граѓаните тоа го препознаваат.

Затоа не ја потценувајте меморијата на граѓаните, совесноста и интелегенцијата. многу добро знаеме како било и како е сега.

Ваѓите лажни вести, манипулации и конструкции се лесно читливи и препознатливи.

Почитувани сограѓани, почитувајте ги мерките и протоколите за Ковид-19 и останете во добро здравје.

Претседател на ОО СДСМ Делчево, Влатко Величковски.

Како спомната страна на пресот на ВМРО ДПМНЕ се надоврзаа и од Општина Делчево. Во нивното писмен одговор се вели:

Состанокот на ОО на СДСМ се одржа во мултифункционалната сала во спомен-домот АСНОМ, сала која има мултифункционална намена и е во функција  на граѓаните, организациите, граѓанскиот сектор, политичките партии, Советот на Општина Делчево и сл, за одржување состаноци, работилници и други настани. ОО на СДСМ Делчево до Општина Делчево има поднесено соодветно барање за користење на просторот и извршено уплата од 3.000 денари согласно со актуелната Одлука, а Општина Делчево има обврска да обезбеди соодветни услови за работа и тука нема ништо спорно.

Не е спорна ни перцепцијата на опозицијата, нивната нервоза и фрустрираноста.. Разбираме дека тие веќе немаат друг начин на дејствување и на 10 месеци пред локалните избори, бездиејни, се оставени само на инсинуации, да шират небулози, поучени од сопственото искуство и начинот на кој тие ја практикуваа власта во Делчево цели 8 години. Граѓаните паметат, знаат и препознаваат кој работи во нивни интерес, а кој е псевдоним и олицетворение на партизација и на злоупотреби.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/posts/1008372926355116?cft[0]=AZXou5haXOyD_Svn4Dq35j69Az4OXLxyTGAJ-D_uBrbjGdy18GzzKF873bKPP6pl035Ax0Xat3dyaryw3TNvNnzQvE0RH0v2DxEsx7rNaJ0CqUKVZGmR0xorN3QRNlwxQTfEpsRsH7CfIg9QSuJeJq_8ndMXtp59XhLJBvzVcRMKCA1nK3u7ZXWDlQPH6tmXiVk&tn=%2CO%2CP-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*