Лото комбинациите повторно им носат среќа на делчевци

Борче Петровски од Делчево е еден од петте добитници на добивка од категоријата 6 погодоци, добивка чија вредност во 10 коло изнесуваше 43.604 денари.

Среќниот добитник како редовен играч на Лото 7, вели дека родендените на неговите најблиски се неговите среќни броеви со кои игра години наназад.

Покрај Лото 7 се забавува и со инстант лотаријата и се надева дека во иднина ќе биде добитник на некоја од главните добивки.

Интересно кај семејството Петровски е тоа што пред извесен период, неговиот син Александар, купувајки еден од инстант лозовите на Државна лотарија се поднови со нов автомобил – Голф.

Честитки до добитниците и нека им се множат наградите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*