Проблеми со лизгавиот коловоз на патиштата на крајниот Исток

Снегот кој од изутрината ја зафати државата им создаде проблеми на возачите, особено на оние кои ги користат патиштата во Пијанечко-малешевскиот регион. Поради лизгавиот коловоз, на повеќе места забележливи се „застранети“ возила, особено на патниот правец Делчево – М.Каменица кај село Луковица. Лизгавиот коловоз создаде проблеми и во Делчево. Поради снегот и лизгавиот коловоз дојде до контакт помеѓу учесници во сообраѓајот на улица „Методи Митевски – Брицо“.

Поради ваквата состојба, надлежните со апел возачите без соодветна зимска опрема во своите возила, да не се движат низ снежните улици.

-Она што можеме да го апелираме до возачите е да внимаваат на лизагавиот коловоз и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. За оние возачи и возила кои ќе бидат регистрирани без соодветна зимска опрема ќе следуваат соодветни санкции, истакнаа од делчевската полиција која беше присутна на повеќе места поради незгодите помеѓу дел од учесниците во сообраќајот во кои за среќа нема информации за повредени лица.

1 Comment

Leave a Reply to Pante.Dzabirski Cancel reply

Your email address will not be published.


*