Поддршка од 1,2 милиони денари за спортски здруженија, клубови и граѓански здруженија

Општина Делчево ги објави јавните повици за доделување финансиска помош во категориите спорт и граѓански сектор. Годинава од општинскиот буџет, како што информираше Даниела Такева, советник за односи со јавност при ЕЛС Делчево се предвидени вкупно 1,2 милиони денари, кои ќе бидат трансферирани до спортските здруженија, клубови и граѓанските организации.

-Од овие средства, 800 илјади денари се наменети за спортските здруженија, клубови, правни лица, додека 400 илјади денари ќе се распределат на граѓанските здруженија. Согласно со правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности се локалниот економски развој, техниката, образованието, културата, уметноста, социјалната заштита и  заштитата на животната средина, истакнаа советникот за односи со јавност при О.Делчево.

Предност, како што додаде ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот.

-Исто така, право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат условите: да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација, да дејствуваат на територија на Општина Делчево, спортските клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво, додаде Такева.

Пријавата заедно со документација заинтересираните треба се достави до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.  Рокот за пријавување е до 01.03.2021 година.

Изјава во врска со јавниот повик

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*