Во Делчево доделени наградите од литературниот конкурс „Јазикот е мојата татковина“

Во Делчево доделени наградите од литературниот конкурс „Јазикот е мојата татковина“. Конкурсот кој го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево е дел од одбележувањето на  Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 Февруари и истиот, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска, се реализираше во соработка со двете делчевски деветолетки. Петровска на почетокот од денешниот настан ја искажа важноста за мајчиниот јазик и улогата на младите за негово понатамошно негување со сите свои особености кој мајчиниот јазик ги поседува.

-Ние не сме без корен дрво имаме свое, македонско семе, имаме јазик од дамнешно време. Убави стихови со кои денеска ЈЛБ „Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот го започна одбележувањето на светскиот ден на мајчиниот јазик. Блаже Конески рекол „Нашиот јазик е нашата вистинска татковина“ – исказ кој треба да биде водилка за секој од нас. Јазикот е нашето најголемо духовно културно наследство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето, зашто нашите предци во мошне тешки и неповолни историски околности се изборија за правото на употреба на својот јазик, за докажување на неговата посебност. Младите генерации, учениците, треба да се запознаваат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик. Јазикот е најголемо културно наследство и треба да се развива свеста кај младите генерации за негово зачувување. М.Aндреевски, рекол: „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. Ова треба да остане вечна поука и порака до сите нас, рече Петровска.

Директорката на библиотеката во продолжение од настанот ги објави имињата на наградените, посочувајки дека сите творби кои пристигнаа заслужуваа награда.

-Веке знаете дека по повод светскиот ден на мајчиниот јазик ЈЛБ „Илинден“, распиша конкурс на тема„ Јазикот е мојата татковина“. Ни пристигнаа творби и од двете основни училишта во градот. Сите се прекрасни, но моравме да избереме три најдобри во проза и три најдобри поезија. Еве кои се наградени:

ПРОЗА

1.Андреа Димитровска, ментор-Веска Спасевска

2. Ангела Џаџовска, ментор –Валентина Даневска ПУ Разловци

3. Анастасија Димитровска, ментор Даниела Сумрачка

ПОЕЗИЈА

  1. Ева Ивановска, ментор Весна Ивановска

2. Сара Ангелова, ментор Милка Стоилкова

– Андреа Мирчевска, ментор-Цветанка Петровска

-место Елена Алексова, ментор-Милка Стоилкова

3. Кети Џаџовска, менторВалентина Даневска ПУ Разловци

-Стефанија Тодоровска, ментор Габриела Димитровска

Петровска упати честитки до сите наградени, посакувајки им на младите писатели и поети да продолжат да творат. Воедно изрази благодарност до менторите, односно сите наставници по македонски јазик од двете основни училишта во градот за несебичната поддршка и за добрата соработка.

Денешното дружење заврши со кратка презентација на тема мајчин јазик, подготвена од Леонтина Вирчанска, ученичка во ООУ „Ванчо Прке“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*