Врвот ,,Сараево” и ,,Мехмедов Бор” над Стар Истевник, искачен од планинарите од ПСК ,,Голак”

Планинарите од ПСК ,,Голак” продолжуваат со своите патешествија во малку познати места во Пијанечкиот регион. Денес, придржувајќи се на мерките за Ковид-19 реализираа 13 километарска планинарска маршрута на потегот од село Стар Истевник до село Панчарево. Тие по убаво и сончево време го искачија малку познатиот врв Сараево.

-Маршрутата предвидуваше движење во мали групи, со држење растојание, освен за фотографирање, како и со носење на маска каде има потреба), така што во рамки на маршот одлична екипа на ПСК Голак Делчево, реализиравме една интересна полукружна планинарска тура од : Село Стар Истевник 740 м.н.в. – Леви Рид 1000 м.н.в. – Караула Сараево 1030 м.н.в. – Врв Сараево 1223 м.н.в. – Крс 1220 м.н.в. – Врв Мехмедов Бор 1336 м.н.в. – Бандов Валок 1150 м.н.в. – Село Панчарево (Врановска Маала) 860 м.н.в. на планината ВЛАИНА во нашата област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА) во вкупна должина од 13 км, информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски.

Додаде дела станува збор за една многу малку позната, а многу живописна патека.

-Патека која ја препорачуваме за сите типови на планинари. Изобилува со многу густа шума од бор и смрека.
Времето било идеално и сончево, без ветар, со голема видливост, со 25 см снег и многу позитивна енергија, што според Чучуковски придонело сите планинари без потешкотии да ја поминат патеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*